Page 9 - makedonca
        P. 9
     ВЕРМИКОМПОСТИРАЊЕ
               Што ќе научите
               Ќе научите како да произведувате и користите вермикомпост за да ги добиете хранливите материи
               потребни за земјоделските производи. Водичот  е подготвен да придонесе за развој на вашите
               технички знаења и вештини за вермикомпостирање.
               Клучни достигнувања
                   ➢  Го објаснува вермикомпостирањето и неговото значење за одржлива животна средина.
                   ➢  Ги објаснува термините и терминологијата поврзани со производството на вермикомпост.
                   ➢  Ги споредува методите на производство на вермикомпост.
                   ➢  Ги класифицира споредбено предностите и недостатоците на методите за производство
                      на вермикомпост.
                   ➢  Ја објаснува улогата на дождовните црви во производството на вермикомпост.
                   ➢  Ја објаснува важноста на типот на подлогата за виталните функции на дождовните црви.
                   ➢  Го  анализира  придонесот  на  типот  на  подлогата  во  составот  на  финалниот  производ,
                      вермикомпост.
                   ➢  Ги  илустрира  клучните  параметри  во  дизајнот  на  животната  средина  (легла)  на
                      дождовните црви.
                   ➢  Ги планира основните процеси на производство на вермикомпост.
                   ➢  Ги класифицира абиотските и биотските  параметри кои влијаат  на  производството на
                      вермикомпост.
                   ➢  Објаснува како да се збира вермикомпостот.
                   ➢  Ја објаснува важноста на вермикомпостот за растенијата и почвата.
                   ➢  Ги објаснува економските придобивки од вермикомпостирањето.
                   ➢  Ги дизајнира барањата за капацитетот за производство на вермикомпост.
                   ➢  Ја објаснува моменталната состојба на пазарот во производството на вермикомпост како
                      комерцијална дејност.
                   ➢  Ги  споредува  законските  прописи  и  стимулации  за  производство  на  вермикомпост  во
                      различни земји.
                   ➢  Ги  објаснува  функциите,  предностите  и  недостатоците  на  хранливите  состојки  на
                      растенијата.
                   Водичот вклучува;
                   ➢  Вкупно 15 видео лекции,
                   ➢  Вкупно 16 лекции,
                   ➢  Едукативни материјали што може да се преземат,
                   ➢  Сертификат
                                                                                                         1





